Јапонската банка „Softbank“ упатила предлог за купување на акции на американската компанија за споделено патување „Uber“ при прилично ниска цена.
Понудата на банката кон поединечни акционери се заснова на проценка на „Uber“ од 48 милијарди долари.
Ова е околу 30 отсто пониско од оценката од 69 милијарди долари, кога компанијата ја заврши својата најнова инвестиција.
Јапонскиот конгломерат предводен од конзорциум од фирми кои планираат да се стекнат со најмалку 14% од акциите на „Uber“.
Засега, двете страни од договорот молчат и не коментираат за информациите, објави „ББС“.
Веста доаѓа два месеци откако највисоко оценетиот стартап во историјата доби солидна инвестиција од „Softbank“.
Износот на инвестицијата не беше објавен, а „Uber“ рече дека ќе ги искористи парите за проширување и инвестиции во технологијата. Компанијата планира да стане јавна и да иницира ИПО во 2019-та година како дел од трансформацијата на корпоративната структура.
Како дел од сделкатa, Одборот на директори ќе се зголеми од 11 на 17 лица, а групата, предводена од „Softbank“, ќе заземе две од новите директорски функции, по информации на „Reuters“.
Ова, исто така, ќе го намали влијанието на поранешниот извршен директор на „Uber“, Тревис Каланиќ, кој беше отстранет од функцијата во јуни оваа година.
Сето ова може да помогне да се стабилизира компанијата по тешката година што ја остава зад себе.
Против „Uber“ ќе стартуваат тужби во Калифорнија и Колорадо, откако неодамна стана јасно дека компанијата била жртва на хакерски напад во минатата година, што влијаело на личните податоци на 57 милиони клиенти и возачи.
Проблемот тука е дека наместо да го пријави нападот, компанијата плати 100.000 долари на хакери за да ги уништи украдените информации.
Високи менаџери во компанијата патувале насекаде низ земјината топка, за да го изгаснат пожарот, откако стана јасно дека властите во најмалку 5 земји почнуваат истрага по повод хакерскиот напад. Тука спаѓаат Обединетото Кралство, САД и Австралија.
„Решени сме да го промениме начинот на кој го правиме бизнисот, поставувајќи го интегритетот во основата на секое решение што земаме, како и да работиме напорно за да ја вратиме довербата на нашите клиенти“, посочуваат од „Uber“ во соопштението.