13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНикита Борисо-Глебски ќе настапи на „Есенските музички свечености“

Никита Борисо-Глебски ќе настапи на „Есенските музички свечености“

„Поема екстаза“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток во 20 часот, како последен настан сместен во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти од поновата генерација руски уметници, Никита Борисо-Глебски, кој ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар во d-moll оп. 47 од „таткото на финската музика“, Јан Сибелиус. Овој единствен Концерт за виолина на Сибелиус зазема значајно место меѓу современите дела од оваа музичка форма и е еден од најизведуваните.

Диригент на концертот е инспиративниот холандски/јужноафрикански маестро Конрад ван Алфен, а оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и атрактивните „Поема екстаза“ од Александар Скрјабин, како и тонската поема „Попладневна вештерка“ од Антонин Дворжак, секоја за себе со навистина бујна колоритност и наративност која плени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП