20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Гугл“ им објави војна на сајтовите „Спутник“ и „Раша тудеј“

„Гугл“ им објави војна на сајтовите „Спутник“ и „Раша тудеј“

Првиот човек на „Алфабет“ Ерик Шмит, во чие сопствеништво е „Гугл“, најави дека интернет пребарувачот ќе ги филтрира содржините за кои се верува дека се руска пропаганда. Шмит конкретно ги именуваше „Спутник“ и „Раша тудеј“ како проблематични, кога бил прашан зошто сајтовите кои се во сопствеништво на Русија се класифицираат како информативни платформи.

„Свесни сме за проблемите и работиме на начинот за детекција на таквите сценарија и спуштање на рангот на таквите страници. Зборуваме суштински за „Спутник“ и „Раша тудеј“. Свесни сме за се и се обидуваме да развиеме систем за да го решиме тоа“ рекол Шмит.

Според информациите, тие сајтови се занимаваат со ширење на неточни информации и лоши работи, но не сакал да откире премногу, за да конкретно го намали влијанието на држвните медиуми.

САД ја обвинува Русија за ширење пропаганда преку интернет, претежно преку социјалните мрежи, а „Раша тудеј“ и „Спутник“ се означени како главни гласноговорници на Кремељ.

„Фејсбук“ и „Твитер“ веќе отворено соопштија дека почнале да работат на намалување на опасноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП