6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПетто издание на детскиот фестивал „Сонот на облачето“

Петто издание на детскиот фестивал „Сонот на облачето“

Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе се одржи од 20 до 22 ноември во просториите на Младинскиот културен центар.

Петтото издание на овој фестивал е еден од малкуте традиционални културни настани наменети за деца кај нас. Како единствен фестивал од овој тип во регионот, „Сонот на облачето“ успешно придонесува и кон интернационална афирмација на оваа уникатна уметност.

Шареното гледалиште на Сцената Фросина со сигурност ќе биде исполнето до последно место, а публиката ќе има уникатна можност да проследи спектакуларни театарски претстави со сенки.

Сенката е во постојана игра со светлината во оваа уметност, а тоа најдобро е прикажано на првата фестивалска вечер на 20 ноември во спекатклот „Јас и Болвата“ во изведба на LIchtbende од Кралството Холандија. Невино улично куче го пронаѓа својот нов дом во едно грижливо семејство. Но болвите, скриени во кучето, започнуваат да лумпуваат низ домаќинството и веќе ништо не е како порано. Навидум бизарна и возбудлива приказна која се изведува со помош на магични фенерски анимации и изведба на музика во живо. Учеството на фестивалот е овозможено со финансиска поддршка од Амабасадата на Кралството Холандија.

Следна на репертоарот е фантастичната Валерија Гулиети од Sombras Chinas од Шпанија, која на 21 ноември со претставата „Рачиња“ вторпат гостува на „Сонот на облачето“. Во 2015 година нејзината изведба на „Танцот на рацете“ беше проследена со многубројни овации од страна и на децата, но и на возрасните.

Фестивалот ќе биде затворен на 22 ноември со претставата „Малиот Принц“ во изведба на Театар „Сенки и облаци“ од Скопје, кој минатата година прослави 10 години од своето постоење и континуирана продукција на театарски претстави на сенки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП