28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГостување на турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“

Гостување на турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“

Во Домот на АРМ, в понеделник, ќе биде изведен мјузиклот „Легендата на птицата Симург“ од Турција. Во изведбата ќе учествуваат 45 уметници – членови на хорот, на оркестарот и на танцовата група при ТРТ –Турската државна радио телевизија.

„Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцувачки и сценски елементи, оригинална кореографија и визуелни уметности, со цел да се истакнат белезите на турската цивилизација низ историјата до денес.

Мјузиклот е и средба со традиционалната турска музика, која опфаќа песни испеани во палатите, народни песни од селата и оние на духовните илахии од теќињата, како и средба со автентичните фолклорни танцови и ритуали, како и со литературата низ историјата.

Настапот во Скопје е во рамките на балканската турнеја на која „Легендата на птицата Симург“, ќе биде изведена во Солун, Тирана, Сараево, Белград, Загреб, Букурешт и во Софија. Балканската турнеја е организирана под покровителство на Претседателство на Р. Турција и е поддржана од Влада на Р.Турција, ресорните министерства, државната телевизија ТРТ, како и многубројни институции од областа на културата.

Мјузиклот досега е изведуван десетина пати, од премиерата одржана на 6 мај 2016 година во Конгресниот Центар „Халич“. Почеток е во 20 часот, а влезот е бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП