
Националната галерија на Македонија во соработка со амбасадата на Република Бугарија во Македонија и здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам „Во мојот свет“ во пресрет на меѓународниот ден на лицата со посебни потреби организираат инклузивни креативни ликовни работилници на дечиња со аутистичен спектар на нарушување и дечиња од редовната настава.

