1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВодородните автомобили ќе ја променат светската економија

Водородните автомобили ќе ја променат светската економија

Советот на водородните технологии (Hydrogen Council), вклучува 18 водечки компании од различни области, ја објави првата студија во која открива дека водородот ќе игра главна улога при преминот кон алтернативни извори на енергија.

Според извештајот, водородната економија ќе дозволи нивото на „CO2“ да се намали за 20% до 2050-та година и да создаде вкупен бизнис од 2,5 илјади милијарди долари. За неа ќе бидат отворени над 30 милиони нови работни места.

Студијата формираше „патна карта“ за да се воведе водородна употреба на ново ниво. Како резултат на тоа, ќе се случи трансформација на светската енергија. Во Советот учествуваат претставници на „Honda“, „Hyundai“, „Toyota“, „Kawasaki“, „BMW“, „Daimler“, „General Motors“ и „Shell“, кои сметаат дека во 2030-та година на водородот како гориво ќе можат да преминат околу 10-15 милиони автомобили и 500.000 машини за полнење.

Покрај тоа, овој гас, исто така, може да се користи во производните процеси за греење и снабдување со енергија на станбени домови и бизниси. Сето ова ќе го зголеми водородот 10 пати до 2050-та година, кога ќе изнесува околу 18% од енергијата што се користи во светот.

За да се постигнат овие цели потребни се годишни инвестиции во износ од 200 милијарди долари. Во извештајот, исто така, се наведува дека овие средства може да се обезбедат „во присуство на правилно артикулирани закони и регулативи“. Во моментов, вкупните годишни инвестиции во енергија се околу 1,7 илјади милијарди долари, со 650 милијарди од нив ќе одат на нафта и гас и 300 милијарди за обновлива енергија.

Учесниците во Советот се категорични дека техничките решенија за преминување кон водород се целосно подготвени, но треба претставниците на индустријата кои имаат интерес за ваквата стратегија, да се обединат. Коалицијата бара поддршка од инвеститори, политичари и бизнисмени.

Во моментов најголем проблем е недостатокот на инфраструктура и тоа пречи за целосно сериско производство на водородни автомобили (fuel cell vehicles, FCV). Најпознатите модели – „Toyota Mirai“, „Honda Clarity“ и „Hyundai ix35 Fuell Cell“, се произведуваат во ограничен тираж и се нудат на малку пазари, првенствено како изнајмување на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП