6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrabus го претвори Mercedes-Maybach во супер-лимузина (фото+видео)

Brabus го претвори Mercedes-Maybach во супер-лимузина (фото+видео)

Тјунинг студиото „Brabus“ ја претстави својата верзија на обновената лимузина на „Mercedes-Maybach S-Class“. Автомобилот се вика „Brabus 900“ и е опремен со бензински мотор со 900 КС.

Луксузниот седан користи 6.3-литарски V12 мотор со две турбини. Вртежниот момент на единицата е 1500 Nm. За споредба, основната верзија на моторот, заедно со 7-брзинскиот автоматски менувач, разви 630 КС и 1000 Nm вртежен момент. Со овој мотор е опремен и „Mercedes-Maybach S 650“.

Делото на „Brabus“ доби нови турбини. Сите главни компоненти на моторот, вклучувајќи го и издувниот систем, се променети. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,7 секунди (0,4 секунди побрзо од основниот модел). Максималната брзина на лимузината е 350 км/ч.

Автомобилот, исто така, има некои аеродинамични подобрувања со специјални алуминиумски тркала. Промените во внатрешноста вклучуваат скапа кожа и карбонски и дрвени елементи.

Заедно со овој модел, „Brabus“ претстави уште една модификација – седанот „B40-700 PowerXtra“ изграден на „Mercedes-AMG S 63“. Возилото потпира на би-турбо V8 мотор со 700 КС и 950 Nm вртежен момент.

Редизајнираната „S-Class“ беше претставена во април оваа година, а покрај промените во изгледот, лимузината доби и автономен систем за управување, како и нови погонски единици.

Инаку тјунинг студиото беше основано во 1977-ма година, па така оваа година бележи 40 години постоење, јубилеј за кој беше снимено следново видео:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП