5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците од ТВ правата го исплатија Гетце

Баварците од ТВ правата го исплатија Гетце

Bayern-Munich-Bundesliga-champions-2013_2942892

Шампионот Баерн Минхен доби над 36 милиони евра од германската фудбалска федерација при распределбата на телевизиските права. На сметката на баварците се префрлени 36 милиони евра, што е за над 6 милиони повеќе од парите кои ги доби Баер Леверкузен 29.7 милиони евра.

Следни на листата се Шалке 04 со 29.4 милиони евра и Борусија Дортмунд со 29.4 милиони евра. Најмалку средства од телевизиските права во елитата добил Гројтер Фирт 14.4 милиони евра.

Интересна е информацијата дека сумата која ја доби Баерн е речиси иста колку што тие ќе и платат на Борусија Дортмунд за Марио Гетце, 37 милиони евра.

Германската фудбалска федерација распредели вкупно 507.1 милиони евра на 36-те професионални клубови, а 94.3 милиони од сумата ќе им припаднат на екипите кои се натпреваруваат во втората германска лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП