19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛегендарната Vespa oд сега и на струја (фото+видео)

Легендарната Vespa oд сега и на струја (фото+видео)

Почно пред една година откако „Piaggio“ најави лансирање на електрична „Vespа“, италијанскиот производител на саемот за мотоцикли во Милан претстави продукциска верзија на популарниот сктутер со погон на струја.

„Vespa Elettrica“, како што официјално е наречен овој скутер, може да мине околу 100 km со полна батерија.

Со цел батеријата повторно да се наполни до максимум, потребно е 4 часа полнење на обичен домашен приклучок.

„Piaggio“ беше искрен во своето сооштение кон потенцијалните купувачи, најавувајќи дека очекуваниот век на траењето на батеријата е 10 години.

Покрај тоа, компанијата објави податок дека по 1.000 циклуси на полнење, капацитетот на батеријата ќе изнесува 80% од почетниот капацитет, што значи дека автономијата во возњето по тој период ќе биде намалена на 80-тина километри.

Што се однесува до дизајнот, производителот остана верен на препознатливиот изглед на „Vespа“, a електричната верзија се разликува од класичната по светло сините детали на надворешноста.

Купувачите, инаку ќе можат да одберат помеѓу седум основни бои на надворешноста, а на промотивните фотографии е прикажана „Vespa“ во сребрена боја.

Сите важни информации за возењето, достапни се на 4,3 инчниот „TFT“ дисплеј во боја која се наоѓа на централниот дел на управувачот.

На располагање е и „Bluetooth“ конекција која овозможува поврзување на уредот со смартфон.

„Piaggio“ најави дека по моделот „Vespa Elettrica“, ќе понуди на пазарот и верзија „Elettrica X“ со продолжена автономија на возењето, благодарејќи дополнителниот мал бензински аграгат кој исклучиво служи како генератор на електрична енергија.

„Vespa Elettrica X“ ќе биде во состојба да ја полна батеријата и резервоарот со бензин може да мине околу 200 km. Цената засега не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП