30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед со рекордни 60.8 милиони фунти од ТВ-правата

Јунајтед со рекордни 60.8 милиони фунти од ТВ-правата

Manchester_United_2568585b

Манчестер Јунајтед заработи рекордни 60.8 милиони фунти од телевизиските права за сезоната 2012-2013. Во неодамна завршениот шампионат „црвените ѓаволи“ станаа шампиони на Англија за рекорден 20-ти пат. Минатогодишниот првак Манчестер Сити, кој сега заврши втор, ќе добие 58.1 милиони фунти и се најде на втората позиција во рангирањето на приходите.

Интересно е дека петтиот во конечниот пласман во сезоната, Тотенхем ќе добие 55.9 милиони фунти и со тоа се најде на четврто место по профитот од телевизиските права веднаш зад Арсенал кој има 57.1 милиони фунти. Челзи заврши на третото место во Премиер лигата, но останува на петтата позиција на приходи заработени од телевизиско емитување на натпреварите со 55 милиони фунти.

Со најнизок приход е Квинс Парк Ренџерс кој заработи 39.8 милиони фунти, но тие следната година ќе се натпреваруваат во понизок ранг.

Помеѓу 2013-та и 2016-та година клубовите од англиската елита ќе добијат вкупно 5.5 милијарди фунти од телевизиските права.

Arsenal – 57,110,685, Aston Villa – 44,967,538, Chelsea – 54,995,224, Everton – 51,770,467, Fulham – 45,320,953, Liverpool – 54,843,042, Man City – 58,143,890, Man Utd – 60,813,999, Newcastle – 45,168,771, Norwich – 46,076,834, QPR – 39,752,462, Reading – 40,029,786, S’hampton – 43,809,191, Stoke – 44,565,072, S’derland – 43,455,776, Swansea – 47,588,596, Tottenham – 55,876,247, W Brom – 48,344,477, West Ham – 48,746,943, Wigan Ath – 40,785,667.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП