3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Armani над две милијарди евра

Приходите на Armani над две милијарди евра

armani1

Италијанската модна куќа „Giorgio Armani“ денес соопшти дека минатата година остварила приходи кои надминале две милијарди евра, што е за 16 проценти повеќе во споредба со резултатите од 2011 година, вклучувајќи и раст од 11 проценти во Европа која е погодена од кризата, пренесува агенцијата Франс Прес.

Одличните резултати ја покажуваат способноста на компанијата да ја зацврсти позицијата во секторот, изјави шефот на компанијата „Giorgio Armani“.

Приходите во 2012 година се зголемиле на 2,09 милијарди евра, со значително силен раст на Далечниот Исток од 29 проценти, вклучувајќи го и скокот на приходите од 39 проценти во Кина, објавуваат странските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП