24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗATS GT - 12 автомобили секој по цена од 1.150.000 евра (фото)

ATS GT – 12 автомобили секој по цена од 1.150.000 евра (фото)

Со новиот „GT“, „ATS Automobili“ се враќа во клубот суперавтомобили. „GT“ беше претставена претходно оваа година во „Salon Prive“, но сега има повеќе информации за возилото и, се разбира, цената на автомобилот. Основната цена на „ATS GT“ е 1.150.000 евра, а производствената серија е ограничена на само 12 единици, секоја од нив се создава според барањата на клиентот.

„GT“ се напојува со монтиран бензински мотор со „V8“ од 3,8 литри со две турбини, кој работи со 7-степен пренос со двојна спојка. Стандардната верзија на моторот е 660 КС, а „GT“ може да се нарача со дополнителен пакет кој ќе ја зголемува моќноста на речиси 710 КС.

И ако некој од наведените елементи на погонскиот систем ви звучат познато, тогаш ова е токму така – меѓуоскиното растојание, суспензијата и стандардната верзија на моторот доаѓаат од „McLaren 650S“. Но, перформансите на „ATS GT“ ќе ги надминат оние на моделот на „McLaren“. И иако сеуште не се јасни конечните податоци на моделот, се претпоставува дека забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе се случува за околу 3 секунди, а максималната брзина ќе биде над 320 км/ч.

Новиот „GT“ оддаваа почит на оригиналниот „GT“ од 1963-та година, а автомобилот ќе е со рачно изработено шасија, изградена главно од фиброкарбон што пак помогна за малата тежина на возилото – 1.300 кг. Дизајнот на „GT“ беше направен од Емануеле Бомбој, кој работел за „FIAT“, а потоа и како главен дизајнер на „Bertone“. Но, вистината е дека тешко е да се најде сличноста со „GT“ од 1963-та година.

И „ATS Automobili“ има интересна судбина. Компанијата е формирана во почетокот на 60-тите години, кога дел од инженерите и дизајнерите на „Ferrari“ ја напуштаат компанијата по бурниот скандал со Енцо Ферари. На чело на новата компанија застануваат Карло Чити и Џото Бизарини, а „GT“ и „GTS“ за на патека се појавуваат во 1963-та година.

Технолошки и двете коли се многу напредни за своето време, но наоѓаат трговски неуспех со само 12 склопени примероци меѓу 1963-та и 1965-та година. Сепак оригиналниот „ATS GT“ останува во историјата како првиот италијански суперавтомобил со мотор, лоциран пред задната оска. Обично се смета дека е „Lamborghini Miura“, но се појавува три години подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП