
Италијанската компанија „Lamborghini“ официјално го претстави својот нов концепт моделот „Terzo Millennio“, кој има за цел да покаже како ќе изгледаат автомобилите од третиот милениум.


Италијанската компанија „Lamborghini“ официјално го претстави својот нов концепт моделот „Terzo Millennio“, кој има за цел да покаже како ќе изгледаат автомобилите од третиот милениум.
Надворешниот изглед е изграден во соработка со експертите од Технолошката институт во Масачсучест. Тој е опремен со системи и технологии кои треба да се стават на сериските автомобили на италијанскиот производител.

„Концептот „Lamborghini Terzo Millennio“ е електричен автомобил кој покажува каква насока ќе следи дизајнот на нашиот бренд. Ова е ултра лесно возило со максимална аеродинамичка ефикасност “, рече претседателот на компанијата Стефано Доменикали.

Се вели дека прототипот е опремен со 4 електрични мотори – по еден на секое тркало. Освен футуристичкиот дизајн, концептот „Lamborghini Terzo Millennio“ доби суперконцентратори и специјални единици за складирање на енергија кои се интегрирани во каросеријата.

Експертите на компанијата и колегите од Технолошкиот институт во Масачусетс работеа не само на високата моќност на возилото, туку и на системот за брзо полнење. На возилото, исто така, има систем за рекуперација на кинетичка енергија, како и специјални батерии со подолг живот.

Техничките карактеристики на автомобилот не беа откриени, но беше објавено дека поголемиот дел од каросеријата е направена од јаглерод. Тимот кој го направил возилото продолжува да работи во оваа насока, целта е да се создаде таков материјал кој може да се обнови самостојно oд помали незгоди. Во овој случај, јаглеродот има микро-канали кои се полнат со посебна супстанција. Ова ќе им овозможи на компонентите не само да се опорават, туку и да носат побавно.