27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМашка колекција јакни есен/зима 2017(фото)

Машка колекција јакни есен/зима 2017(фото)

Geox ја презентира новата колекција на јакни во тренди и разновиден стил, комбинирајќи ја технолошкатата исклучителност и италијанскиот дизајн на јакната која „дише“. Стремејќи се да го подобри квалитетот на животот на клиентите, брендот работи на развивање на патентот на системот на дишење и на исклучителните перформанси и заштита, обрнувајќи посебно внимание на последните модни трендови и идеали на практичност и удобност 24/7. Иновација, квалитет и дизајн се белегот на сезоната која нуди широк спектар на предлози, од формални до лежерни стилови, карактеристични комбинации и најсовремена мода.

Урбаната елеганција ги фаворизира моделите со минималистички кроеви, изразени преку технички материјали со металик и кожни детали, надополнети со волна. Парчињата изработени од Оксфорд ткаенина нудат високи перформанси и се зајакнати со мешавина на повеќе материјали. Во линијата се вклучени и Amphibiox моделите, кои вклучуваат супериорно ниво на водоотпорност и заштита од студ со мултифункционален дизајн во модерни бои и детали. Во палетата на бои преовладува морнарско сина и варијации на сиви нијанси, надополнети со темни тонови како индиго и темно зелена.

Важноста на секојдневната удобност и авантурите во природата е во безвременските парчиња како парката и спортската јакна кои се надополнети со крзно и детали кои го нагласуваат вниманието кое е посветено на стилот. Долгите јакни се изработени од лесен материјал и се еко-пријателски со детали од вештачка кожа. Доминираат земјените тонови како војничко-зелена, „каки“, кафена и камуфлирачки принт во потемни нијанси, совршени за урбан и тренди изглед.

Перфектен баланс помеѓу современите трендови и спортските вибрации е претставен во лежерната линија која развива техничка содржина, високи перформанси и нуди идеален комфор во повеќенаменски дизајн. Моделите се стилизирани со ергономски шевови и персонализирани со кожни копчиња и обложени патенти, а истите се изработени од еластичен материјал и ватирана постава. Во палетата доминираат темните тонови како црна и морнарско сина.

Крајниот израз на супериорниот квалитет на Geox е NEBULA проектот со новите зимски јакни – 3 модели изработени од ексклузивен растеглив материјал со еко-постава, интегриран со револуционерниот систем на „дишење“, дизајниран за да осигура највисоки стандарди на удобност и природна вентилација. Долгата парка, „бомбер“ моделите и поставената јакна со висока крагна комбинираат технолошки перформанси со динамичен и дискретен стил, кој е идеален за било каква пригода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП