2 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на SoftBank ги надмина очекувањата

Профитот на SoftBank ги надмина очекувањата

Јапонската „SoftBank Group“ забележа профит за кварталот, кој ги надмина очекувањата на аналитичарите, во позадина на несигурната иднина на нејзината американска единица „Sprint“ по неуспехот во преговорите за соединување со „T-Mobile US“, пишува „Bloomberg“.

Оперативната добивка изнесуваше 396 милијарди јени (3,5 милијарди долари) во периодот што заврши во септември. Ова е над просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, кои очекуваа 322 милијарди јени. Приходите од продажба достигнаа 2,23 илјади милијарди јени, одговарајќи на очекувањата.

Основачот на „SoftBank“, Масакоши Сон се потпира на стабилниот готовински тек од јапонските операции поврзани со безжичните мрежи и телекомуникации, за финансирање на новите потфати, додека „Sprint“ се бори за враќање кон профитот и се соочува со брзата загуба на претплатници.

Откако не успеаа разговорите за спојување со „T-Mobile US“, Сон мора да најде нов начин за да ја обезбеди долгорочната иднина на „Sprint“. Покрај тоа, милијардерот е во процес на креирање на „SoftBank Vision Fund“ заедно со инвеститорот од Саудиска Арабија, „Mubdala Development“. Фондот ќе чини 100 милијарди долари.

„Одборот одлучи дека можеме да не се согласиме со спојувањето на „Sprint“ и „T-Mobile“, што може да доведе до губење на контролата“, коментира Сон. „Финансиските резултати на „Sprint“ се подобруваат, па таа „ќе може сама да си обезбеди финансирање“, објасни тој.

Акциите на „SoftBank“, кои се зголемија за 28 отсто оваа година, забележаа пад од 2,6 отсто на тргувањето во понеделникот и ја прекинаа берзата по цена од 9.945 јени.

Јапонската компанија има пазарна вредност од 11 илјади милијарди јени и нејзините јавни средства се во вредност од 17 илјади милијарди јени. Сон со години велеше дека неговата компанија е потценета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП