КУЛТУРА

Стефан Марковски добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во Хрватска

Македонскиот писател Стефан Марковски е единствениот македонски претставник на годинeшното 10-то јубилејно издание на тридневниот поетски фестивал Денови на пријателите на книгата во Риека, кој ќе се оддржи од 9 до 12 ноември годинава.

Според фестивалската програма, на првиот фестивалски ден во просториите на Македонското културно друштво „Илинден“ е предвидена промоција на двете последно објавени дела на младиот македонски автор пред хрватската публика – поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ и збирката раскази „Смртта долетува насмевната“.

Обете книги на Марковски се неодамна наградени – поетската со наградата „Бели мугри“ за најдобар необјавен поетски ракопис за 2016, а збирката раскази со наградата „Крсте Чачански“ (2017).

Токму за втората на Марковски ќе му биде врачена наградата „Книжевно перо“ за книга на годината надвор од изданијата на Хрватското книжевно друштво.