17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето добивката на UBS скокна за 14 отсто

Нето добивката на UBS скокна за 14 отсто

Најголемата приватна банка во светот „UBS“ објави 14% скок на нето добивката за кварталот на годишна основа, но ја задржа претпазлива перспективата за остатокот од 2017-та година поради несигурност во меѓународните односи и монетарната политика, соопштува „Ројтерс“.

Во трите месеци до крајот на септември профитот на одделот за управување на благосостојбата повторно расте по мачната 2016-та година, во која трговската активност од страна на најбогатите клиенти на швајцарската банка се распадна до рекорден минимум.

Сепак, се соочува со можноста за намалување на билансот од Европската централна банка и политичките тензии, вклучувајќи ги односите меѓу САД и Северна Кореја, „UBS“ се уште гледа ризици кои може да ги попречат нејзините клиенти да тргуваат.

„Очекуваме глобалното економско заздравување да продолжи, но геополитичките тензии и макроекономската неизвесност уште наметнува ризици врз расположението на клиентите“, рече најголемата швајцарска банка.

Нето добивката на групата како целина достигна 946 милиони швајцарски франци (722 милиони фунти) во третиот квартал.

Тоа е под средната прогноза во анкетата на „Ројтерс“ меѓу шестмина аналитичари за 1,04 милијарди франци, но сепак над оценката на „UBS“ од 6-ти октомври за 897 милиони франци.

Приспособениот оперативен профит пред даноците од единицата за управување на благосостојбата се зголемила за 9% до 701 милиони франци во кварталот што е традиционално слабо по летните одмори.

Инвестициското банкарство, кое „UBS“ го намали во последниве години, за да ги ослободи ресурсите за управување со благосостојбата, забележа раст на приспособениот оперативен профит пред даноците од 2,9% до 352 милиони франци.

Заработката на групата пред даноците порасна за 39 отсто на 1,2 милијарди франци.

Банката соопшти дека постигнала 1,9 милијарди франци од целта за штедење за вкупно 2,1 милијарди франци и е на пат да ја исполни целосно до крајот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП