Јапонскиот кросовер „Nissan Qashqai“ се искачи на второто место во Европа откако 28.987 единици беа продадени во септември. Ова е 13.6% повеќе од истиот месец во 2016-та година, вели „ЈATO Dynamics“.
Ова е најдобро рангирање на моделот во текот на неговата историја. Тој беше надграден на почетокот на годината, со нов дизајн и голем број дополнителни опции. Производството на „Qashqai“ во Европа започна во јули.
Лидер во рангирањето останува „Volkswagen Golf“, кој е незаменлив на „Стариот континент“. Од моделот во септември се продадени 51.500 примероци, што е за 10,8% повеќе од истиот период од 2016-та година. Експертите сепак предвидуваат пад на идната продажбата на моделот, бидејќи „Volkswagen“ го пушта кросоверот „T-Roc“, кој најверојатно ќе повлече дел од клиентите на „Golf“.
Третото место е за „Renault Clio“ со 26.902 единици, што претставува зголемување од 3%. По францускиот хечбек се „Opel / Vauxhall Corsa“ (23.575 единици, -21.9%) и „Volkswagen Tiguan“ (22.540 единици, + 1.7%).
Во Топ 10 на европските бестселери за септември влегуваат уште „Ford Focus“ (20.939, + 3,2%), „VW Polo“ (20.446, -35,2%), „Skoda Octavia“ (20.399, -1,6%), „Peugeot 208“ (20.145, -14.1%) и „Toyota Yaris“ (19.178, + 1.8%).
Треба да се спомене дека последниот модел, кој го помести „Golf“ од првото место, веќе е надвор од првите 10. Во март оваа година „Ford Fiesta“ беше број 1 во Европа, но сега е на 11-та позиција со 18.917 продажби (-46%). Ова се објаснува со појавата на новата генерација на моделот, кој во септември сè уште не стапнал на главните пазари на континентот.