2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајн: Citroen C4 Cactus зa 2018-та. Што е ново? (фото+видео)

Редизајн: Citroen C4 Cactus зa 2018-та. Што е ново? (фото+видео)

По три години, колку што изминаа откако „Citroen“ на купувачите тогаш им го понуди дизајнерски многу иновативниот кросовер „C4 Cactus“, дојде време за редизајн и малку поумерен изглед на надворешноста.

Кога се појави во 2014-та година, „Citroen C4 Cactus“ беше еден од оние модели кои на луѓето на почетокот или премногу им се допадна или воопшто не можеа да го поднесат неговиот изглед.

На тоа пред се влијание имаат несекојдневните дизајнерски решенија како двојните фарови или големите странични заштитни „airbump“ лајсни, но и внатрешноста на возилото со одредени ретро детали.

Во меѓувреме, „Citroen“ овој стилски пристап го примени во различни вартијанти на неколку свои нови модели, а присутен е и на редизајнираниот кросовер „C4 Cactus“ кој вчера имаше „online“ премиера.

Во однос на моделот од 2014-та, редизајнираниот „Cactus“ има намалени стилски решенија на надворешноста, па страните на возилото повеќе ги нема големите „airbump“ лајсни, замислени да го заштитат лимот на вратата од помали оштетувања настанати на местата за паркирање.

Лајсните всушност и натаму се тука, но се значително помали и се спуштени на долниот раб на вратата, како кај концептот „C-Aircross“ од почетокот на годината (од кој настана серискиот „C3 Aircross“).

Исчезнаа и малите „airbump“ заштитни елементи на аглите на автомобилот, кои се наоѓаа покрај фаровите и стоп светлата, а редизајнирани се предните и задните светлосни групи, како и предната маска и двата браника.

Просторот меѓу двете хауби и предниот браник го украсуваат две хромирни лајсни во кои на средината е вклопен амблемот на „Citroen“, слично како кај моделите „C3“ и „C3 Aircross“.

Сепак, основната дизајнерска замисла која е претставена на моделот од 2014-та е задржана, како и идеата на купувачите да им биде понуден голем избор на опции за пресонализација, како што се 31-та различна комбинација за изгледот на екстериерот.

Вкупно се достапни девет бои на каросеријата и пет различни верзии на алуминиумските бандажи од 16 или 17 инчни.

Основниот модел е опремен со трицилиндарски „PureTech“ бензинец со 82 ks и петбрзински мануелен менувач.

Покрај него, бензинската понуда ја сочинуваат и „PureTech“ со 110 ks (82 kW), поврзан со петбрзински мануелен или шестстепен автоматски менувач, како и најмоќниот агрегат со 130 коњски сили (96 kW) и иста комбинација на менувачи.

Купувачите кои ќе се одлучат за дизел опција, ќе мораат да почекаат до есента 2018-та година. Тогаш на располагање ќе биде „BlueHDi“ во верзии со 100 ks (74 kW) и 120 ks (89 kW).

Помоќниот дизел ексклузивно ќе пристигне во пар со подобрениот „S&S EAT6“ шестстепен менувач.

„Citroen“ во кабината ќе понуди три опции за поврзување на мултимедијалниот систем со мобилните уреди – „Android Auto“, „Apple CarPlay“ и „MirrorLink“, навигација и функција за автоматско повикување помош во случај на незгода, заснована на лоцирање на возилото со помош на „GPS“.

На купувачите ќе им бидат достапни и различни 5 бои и дезени на внатрешноста на патничката кабина, како и кожни седишта со детали од Алкантара.

На располагање се и 12 современи системи за асистенција на возачот, како автоматско сопирање во случај на опасност, технологија за препознавање на знаци при ограничување на брзината, предупредување за ненамерно напуштање на лентата на движење, предупредување при замор и деконцентрација на возачот со препорака да направи пауза од возњето, детекција на други возила во мртов агол, помош при паркирање, помош при движење на нагорнина, задна камера…

На крајот, но не и најмалку важно – „C4 Cactus“ стана и првиот модел на „Citroen“ кој доби нов хидраулички систем за суспензија „PHC“ (Progressive Hydraulic Cushion).

Редизајнираниот „C4 Cactus“ во продажниот салон ќе пристигне во почетокот на 2018-та, а цените засега не се соопштени.

Во продолжение можете да го погледнете видеото кое ја покажува визуелната разлика на моделот пред и по редизајнот:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП