24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCerberus ја сака целата Alitalia

Cerberus ја сака целата Alitalia

Американската инвестициска компанија „Cerberus Capital Management“ предлага да ја купи целата авиокомпанија „Аlitalia“, објави „FT“. Ова ќе и овозможи на авиокомпанијата да остане независна – потег што би можел да го промени текот во трката за контрола на авиокомпанијата.

Одлуката на „Cerberus“ е објавена само една недела откако понудувачите на авиокомпанијата, вклучително и „EasyJet“ и „Lufthansa“, дадоа обврзувачки понуди за италијанскиот превозник или делови од неа.

Откако „Alitalia“ прогласи банкрот во мај, авиокомпанијата ја водеа тројца комесари назначени од владата. Италијанската влада и ‘обезбеди заем од 900 милиони евра, што ќе и овозможи да работи до септември 2018-та година.

„Cerberus“ не одлучи да ја поднесе својата обврзувачка понуда, бидејќи смета дека условите на јавната аукција се премногу рестриктивни. Меѓутоа, групата тврди дека е заинтересирана за купување на целата компанија сè додека може целосно да се реструктуира.

Компанијата предлага да инвестира во превозникот помеѓу 100 и 400 милиони евра, а Рим да го задржи својот удел во компанијата, а синдикатите да ја искористат некоја форма на „споделување на профитот“.

Досега, двете компании одбија да коментираат.

„Cerberus“ ја реструктуираше „Air Canada“ пред повеќе од една деценија, се сеќава магазинот. Врз основа на искуството, инвеститорот истакнува дека може да ја направи „Alitalia“ – „одржлива, конкурентна и независна“.

Интересот на „Cerberus“ е надвор од процесот на формално наддавање и најверојатно ќе биде исполнет со скептицизам во Рим. „Постојат правила и тие треба да се почитуваат“, вели еден владин претставник кој побарал да остане анонимен.

Според него, понудата на инвестициската компанија тешко дека ќе се разгледува доколку официјалниот тендер не биде откажан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП