28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако се менуваше Nissan Skyline/GT-R во текот на 60 години (видео)

Како се менуваше Nissan Skyline/GT-R во текот на 60 години (видео)

Далечниот предок на современиот „Nissan GT-R“ е токму спротивен на моќниот спортски автомобил каков што е денеска, а дури и го немал амблемот на „Nissan“.

Познат под различни ознаки во текот на шест децении на своето постоење, „Skyline/GT-R“ го започна животот како „Prince Skyline“, далечната 1957-та година. Тој модел има дизајн кој потсетува на просечен американски седан од крајот на 50-тите години, особено на тогашната лимузина на „Chevrolet“.

Компанијата „Prince“ се соедини со „Nissan“ во 1966-та, моделот „Skyline“ доживеа интеграција во новиот бренд, а првата генерација со ознаката „GT-R“ во името пристигна во 1969-та година, за тоа време се користеше моќен шестцилиндарски мотор кој произведуваше 160 ks. Наместо дотогашниот седан со 4 врати, „Skyline“ добива нова, купе каросерија со 2 врати.

Спортската линија на автомобилот уште повеќе е нагласена во 1973-та, со доаѓањето на четвртата генерација, но спортските амбиции малку спласнаа 4 години подоцна, со моделот кој имаше скромни перформанси и помалку агресивен дизајн. Покрај тоа, ја загуби и ознаката „GT-R“.

Уште еднаш пресврт во стратегијата, „Nissan“ во 1983-та претстави моќен спортски прототип под името „Skyline Super Silhouette“, кој располага со дури 570 коњски сили, што е било многу повеќе од тогашниот болид од Формула 1.

Ознаката „GT-R“ се враќа во 1989-та по 16 години, во новиот модел со шестцилиндарски мотор со 280 ks. Достапен е погон на сите 4 тркала, како управувањето на сите 4 тркала.

Деветата генерација е претставена во 1995-та со мотор од 300 ks и ново подобрување во поглед на „4WD“ погоно, а во 2007-ма година „Nissan“ ги задвојува имињата „Skyline“ и „GT-R“, па од тогаш за спортки модел во употреба е името од овие две имиња.

Актуелната „Nismo“ верзија на „Nissan GT-R“ развива дури 600 коњски сили, а од 0 дo 100 km/h забрзува за неверојатни 2,9 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП