
Дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идендитет, колку мажите и жените се различни или еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?!, се само дел од прашањата кои креаторката Ивана Кнез ги отвори директно на модното спектакуларно шоу на колекцијата #Concept2020 која беше презентирана на Модна недела во Скопје, есен-зима 2017/2018.


