22 јуни, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕДиетални напитоци кои можат да ви помогнат да ослабите

Диетални напитоци кои можат да ви помогнат да ослабите

Ако се борите со вишокот килограми, а сте во процес на диета, постојат напитоци кои можат да ви помогнат во таа мисија.

Ви ги претставуваме тие корисни напитоци:

Овошни шејкови

Некои можат да бидат нездрави, но постојат и оние кои се исклучително здрави. За летото најдобар е шејкот од лубеница, која сама по себе хидрира и содржи доста нутриенти како што се ликопен и аргинин.

Чај од нане

Освежувачки чај кој топи масти. Помага храната брзо да се вари и намирниците кои содржат многу масти лесно да се варат.

Зелен чај

Зелениот чај веќе е познат како добар партнер во диетите. Го редуцира ризикот од рак и срцевите болести, а содржи и моќни аниоксиданти кои го редуцираат салото на стомакот. Ако го комбинирате овој здрав напиток со тренинг, сигурно за брзо време ќе ја регулирате телесната тежина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар