20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо против шпанските даночници

Роналдо против шпанските даночници

Кристијано Роналдо одбил да се договори со шпанските даночни власти по тужбата во која се вели дека тој ѝ должи 14,7 милиони евра на шпанската држава, тврди шпанскиот весник „Ел мундо“.

Португалскиот напаѓач на Реал Мадрид поднесе нова жалба пред апелацискиот суд во Мадрид, во која тврди дека обвинувањата се без основа и направени според своеволно толкување на законите. Со ова писмо Роналдо ги отфрла сите обвинувања и одбива спогодба, без која тој може да заглави во затвор.

Шпанските даночници последната година поднесоа повеќе жалби против фудбалери за користењето офшор компании и за користењето бизнис-договори за користењето на правата на ликот, но повеќето од нив се согласија да платат дел од данокот за да избегнат затвор. Ваков беше случајот со Лионел Меси, Нејмар, но и со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

Шпекулациите, по барањето за исплата на парите од Роналдо, велеа дека тој е подготвен да се пресели од Шпанија и да замине од Реал Мадрид бидејќи смета дека ова е нефер одлука. Ќе се види дали одлуката на Роналдо да оди контра системот ќе има среќен крај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП