10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF купува дел од средствата на Bayer за речиси 6 милијарди евра

BASF купува дел од средствата на Bayer за речиси 6 милијарди евра

Германскиот нафтено-хемиски концерн „BASF“ ќе купи дел од бизнисот со земјоделски производи на „Bayer“ за 5,9 милијарди евра (7 милијарди долари), со што влегува на пазарот за генетски модифицирани семиња. „Bayer“ во моментов се обидува да продаде дел од своите средства за да го расчисти „патот“ за купувањето вредно 66 милијарди долари на „Monsanto“, коментира „Bloomberg“.

Во најголемото стекнување досега „BASF“ купува хербициди на „Bayer“, кои се продаваат под брендовите „Liberty“, „Basta and Finale“, како и бизнисите со семиња за одредени пазари, вклучувајќи хибридите на канола за Северна Америка, маслодајни репки за Европа, памук во Америка и Европа , како и семе од соја во Америка, објави германскиот „BASF“ во изјавата од петокот.

Со договорот, „BASF“ исто така се здобива со портфолиото на производот „Libertylink“. Тоа е алтернатива на „Monsanto’s Roundup Ready“. „Убиецот“ на плевелот е една од причините зошто купувањето на „Monsanto“ од страна на „Bayer“ се смета за контроверзно. Со најпродаваниот производ за заштита на растенијата на „Monsanto“ во светот, компанијата прави добри зделки во текот на неколку децении, но цените веќе се под силен притисок поради појавата на конкуренти.

Трансакциите бележат промена во насоката на најголемата хемиска компанија во светот, која досега следеше отстрани, додека трансакции за 160 милијарди долари го консолидира пазарот. Во минатото, главниот извршен директор Курт Бок се сомневаше во враќањето на сериозните инвестиции потребни за развој и промовирање на генетски модифицираните култури. Купувајќи средствата на „Bayer“, „BASF“ ја победи „Syngenta“ купена од „China National Chemical“ за 46 милијарди долари во минатата година, која исто така се бореше за средствата, велат запознаени извори.

За „Bayer“, ова е одлучувачки потег за да се добие регулаторно одобрување од властите за купување на „Monsanto“. Претставници на конкуренцијата во Европската унија неодамна ставија пауза на антимонополската истрага, обидувајќи се да се соберат повеќе информации за тоа како зделката ќе влијае на конкуренцијата на клучни производи кои се користат од земјоделците.

„Подготвуваме активен пристап, за да најдеме решение со потенцијалните регулаторни стравувања, целта е да го олесниме успешното завршување на договорот со „Monsanto““, рече извршниот директор на „Bayer“, Вернер Бауман во одделна изјава.

Единиците кои ќе бидат стекнати од „BASF“, бележат продажба за 2016-та година од околу 1,3 милијарди евра и добивка пред камата, даноци, депресијацијата и амортизацијата за околу 385 милијарди евра.

Трансакцијата исто така вклучува интелектуална сопственост, канцеларии и повеќе од 1.800 вработени, особено во САД, Германија, Бразил, Канада и Белгија. Зделката зависи од завршувањето на трансакцијата меѓу „Bayer“ и „Monsanto“, а компаниите очекуваат да заврши во првиот квартал од 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП