General Motors ги демантираше информациите дека интензивно бара купец за Opel.
-Нема продажба на Opel, рече накратко на автомобилското шоу во Детроит, Дан Акерсон, извршен директор на General Motors.
Откако на почетокот на минатата недела се појави информација дека францискиот автомобилски гигант Peugeot ќе направи обид да го преземе Opel, вчера од GM ги демантираа сите понатамошни шпекулации за потенцијална продажба.
Додека Opel се соочува со пад на продажбата, Volkswagen кој се ориентираше кон азискиот пазар, забележа рекордна продажба на користени возила 550.400(4,1%), каде е зголемена продажбата на азискиот пазар за 61,9% на 19.000 возила.