Во Тотенхем се убедени дека ѕвездата на тимот Герет Бејл веќе следниот месец ќе ја продолжи верноста со клубот со тоа што ќе потпише нов договор со кој ќе добива неделна плата од 170 илјади фунти.
Бејл, кој е проценет на 60 милиони фунти, се уште е предмет на интерес од страна на Реал Мадрид, а се зборува дека и новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс покажал интерес за Велшанецот.
Но Бејл, кој има договор со Тотенхем до 2016-та година, се очекува да додаде уште 12 нови месеци на договорот, а неговата плата ќе биде речиси удвоена.
Надежите на лондончани за учество во Лигата на Шампионите следната година, може да се остварат во недела во последното коло од оваа сезона во Премиер лигата.
Тотенхем ќе финишира во „Големата четворка“, ако победи на гостувањето Сандерленд, а во исто време Арсенал не успее ги обезбеди три бода против Њукасл.
Претставниците на Герет Бејл ќе седнат на преговарачката маса со шефовите на клубот во почетокот на следниот месец.