3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini го потврди својот прв хибриден автомобил

Lamborghini го потврди својот прв хибриден автомобил

„Lamborghini“ најави претходно дека ќе започне да поставува хибридни единици на сопствените модели, од кои првата ќе биде во кросоверот „Urus“, кој ќе биде претставен на крајот од годината. Излегува дека Италијанците ќе се потпрат на оваа технологија и на нивните спортски модели.

За изданието „Cat Advice“, шефот на одделот за дизајн и развој на италијански бренд, Маурицио Реџиани, рече дека следниот спортски модел на „Lamborgini“ кој ќе се појави на пазарот ќе биде наследник на актуелниот „Aventador“. Суперавтомобилот треба да излезе во 2019-та или 2020-та година и ќе добие хибридна единица за полнење од електрична мрежа.

„Ако треба да разговараме за нашиот следен спортски автомобил, во него ќе биде вграден хибриден систем (PHEV). Ова е совршено логичен потег во развојот на технологијата. Сепак, не мислам дека целосно електрична моќна единица е погодна за спортски автомобил, па затоа нема смисла да работиме во оваа насока“, рече Реџиани.

Во 2014-та година, „Lamborghini“ претстави концепт автомобил под името „Asterion“, кој се напојува со три електрични мотори и 5.2-литарски V10 мотор. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3 секунди, а максималната брзина е 320 км/ч. Електричната енергија е за само 50 км, а просечната потрошувачка е 4,12 л/100 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП