2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛампард останува во Челзи уште една година

Лампард останува во Челзи уште една година

lampard_2945079

Легендата на Челзи Френк Лампард ќе игра за „сините“ и во следната сезона, откако се договори со раководството на клубот за едногодишно продолжување на договорот.

Во изминатиов викенд 34-годишниот фудбалер стана најефикасниот играч на клубот постигнувајќи го својот 203-ти гол во дресот на „сините“. Раководството на Челзи одбиваше да му понуди нов договор, сепак двете страни се договориле и Лампард ќе остане на “Стемфорд Бриџ” и во следната сезона.

„Навистина сум пресреќен, затоа што сите знаат дека секогаш сум сакал да останам тука. Преговорите траеа подолго време, но цело време беа во пријателски тон. Сакам да се заблагодарам на Абрамович дека направи овој мој сон да стане реалност. Го сакам овој клуб, го сакам тимот, играчите и најмногу навивачите кои се однесуваат фантастично со мене од денот кога дојдов”, коментираше Лампард, откако го потпиша новиот договор.

Лампард го прослави својот договор со освојување на Лига Европа, тој имаше шанса да постигне гол и во финалето против Бенфика, но ја погоди гредата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП