
Dacia го искористи Франкфуртскиот саем за официјално претставување на новата генерација на својот бестселер „Duster“.


Dacia го искористи Франкфуртскиот саем за официјално претставување на новата генерација на својот бестселер „Duster“.
Промените кај кросоверот влијаат и на надворешноста и на внатрешноста. Нови се предниот и задниот дел на моделот, како и оптиката. „Duster“ има добиено 17-инчни тркала, а предниот држач е поместен 100 mm напред.

Големата разлика е во внатрешноста каде има нова инструмент табла со голем екран на вградениот компјутер. Постои управувач со различни копчиња и може да се прилагоди на висина. Централната конзола е променета поради екранот на мултимедијалниот систем, кој веќе е поставен повисоко. Единицата за климатизација и седиштата се нови.

Опремата на возилото исто така е зголемена. За европската верзија на „Duster“ веќе ќе се нуди систем за преглед во круг, функција за следење на мртвите зони во страничните ретровизори, климтроник, систем за пристап без клуч и стартување на моторот. Исто така има и функција за автоматско менување на фаровите.

Технички „Duster“ не е менуван, така што ќе продолжи да доаѓа со 1,6-литарски бензински атмосферски мотор со 115 КС, како и со 1,2-литарски турбо кој развива 125 КС. Дизелите остануваат два со капацитет од 1,5 литри, кои нудат 90 и 110 КС.
Спротивно на очекувањата, кросоверот на „Dacia“ ја чува својата платформа. Во неговата основа е шасијата „B0“ на Алијансата „Renault-Nissan“, па кај моделите со преден погон се обложува на полунезависина суспензија, а кај оние со систем 4х4 позади има независна електромагнетна спојка.