19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИeasyJet ќе нуди резервации на летови на други авиокомпании

easyJet ќе нуди резервации на летови на други авиокомпании

Британската нискобуџетна компанија „easyJet“ лансираше нова платформа за резервации на летови, која ќе им овозможува на клиентите да ја користат нејзината интернет страна, за да резервираат летови на долги растојанија во комбинации со други авиокомпании, соопшти „Ројтерс“.

Компанијата најави дека патниците ќе можат да купуваат билети за летови и на други авиокомпании преку сајтот „easyJet.com“. Ова е прва таква услуга на нискобуџетна компанија во светот.

Партнери во платформата се „WestJet“ и „Norwegian“ кои ќе нудат летови до Северна и Јужна Америка, како и Сингапур, од Гетвик.

Од „easyJet“ изјавија дека во моментов течат разговори со превозници во Азија за пристапување кон шемата, која е предвидено да се прошири и на други аеродроми во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП