25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda CR-V го загуби првото место меѓу кросоверите

Honda CR-V го загуби првото место меѓу кросоверите

Honda CR-V (слика), светскиот лидер во продажба на кросовери низ целиот свет, го загуби своето прво место. Оваа листа на најпопуларните модели во сегментот е составена од „focus2move“.

Според резултатите за првите шест месеци од 2017-та година од кросоверот на „Honda“ се продадени 380.372 единици, што му ја обезбедува втората позиција. Новиот лидер е „Toyota RAV4“ (втората слика), кој има 381.845 продадени единици.

„Volkswagen Tiguan“, кој беше избран од 349.607 купувачи, останува на третото место. Потоа следат „Hyundai Tuscon“ со продадени 286.185 единици и „Nissan Qashqai“ со 253.838 возила.

Во Топ 10 во глобалната продажба влегуваат уште „Haval H6“ (226.938 парчиња), „Nissan Rogue“ (219.318), „Kia Sportage“ (216.150) „Nissan X-Trail“ (203.890) и „Mazda CX-5“ (195.138).

Рангирањето ќе изгледаше поинаку ако „focus2move“ не ги сметаше „Nissan Rogue“ и „Nissan X-trail“ како два различни модели. Всушност, „Rogue“ e „X-trail“ со неколку дополнителни спецификации за северноамериканскиот пазар. Ако продажбата на двете верзии се собере заедно, „X-trail“ ќе биде најпродаваниот кросовер во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП