18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПолскиот хотелски синџир Орбис продолжува со проширувањето во Источна Европа.

Полскиот хотелски синџир Орбис продолжува со проширувањето во Источна Европа.

Компанијата планира да отвори осум нови хотели во наредните месеци, соопшти компанијата. Три од нив се во Романија, два во Босна и Херцеговина, а по еден во Србија, Македонија и Унгарија.

Одделно, синџирот планира да склучи 40 нови договори за управување на различни локации во регионот.

Главен извршен директор на „Орбис“, Жил Клавие истакнува дека Источна Европа е голем пазар со една од најбрзите стапки на раст на бруто-домашниот производ (БДП). Ова е предуслов за зголемување на побарувачката за бизнис и рекреативни услуги, рече тој.

„Од друга страна, гледаме дека градителите и инвестициските фондови кои претходно се откажале од проектите поврзани со хотели уште еднаш се привлечени кон овој сектор поради зголемената профитабилност на хотелскиот менаџмент не само во Полска, туку и во целиот источно-европски регион. Сакаме да го забрзаме развојот на нашите помали средства и да ги направиме „AccorHotels“ уште позабележителни и популарни во регионот и во пазарите во развој, како што се Србија, Хрватска, Романија, Словенија и Бугарија“, рече тој.

Да потсетиме дека „Орбис“ потпиша договор со францускиот синџир „Accor“ во 2015-та година за да преземе 46 од нејзините хотели во регионот, како и да стекне ексклузивни права за лиценцирање на брендот на синџирот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП