30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSеаt го направи најмоќниот модел во својата историја

Sеаt го направи најмоќниот модел во својата историја

„Sеаt“ ќе ја прикаже третата генерација на својот спортски „Leon Cupra R“. Дебито на моделот пред публика ќе се одржи на саемот за автомобили во Франкфурт и ќе биде лансиран во ограничено издание од 799 единици.

Ова е најмоќниот модел во историјата на шпанскиот бренд. Погонот на „Seat Leon Cupra R“ е доверен на 2.0-литарски бензински „TSI“ мотор кој развива 310 КС. Со тоа, компанијата ќе се обиде да го врати првото место меѓу најбрзите возила со погон на предните тркала, кое сега му припаѓа на „Honda Civic Type R“.

Моделот има добиено модернизирани „Brembo“ сопирачки, подобрена аеродинамика и динамичка контрола на шасијата со адаптивна суспензија. Повеќето делови од телото се направени од карбон, а ова се однесува на спојлерот, страничните делови и задниот дифузер.

Браниците се нови, како и издувниот систем. Решетката на радијаторот порасна во големина, со веќе поставени хромирани рабови. Главната оптика исто така се менува. Во кабината се сместени нови спортските седишта и новата табла за инструменти.

„Ѕеаt“ подготвува „Cupra“ верзиите на уште два модели. „Аteca“ ќе биде опремен со ист мотор, но неговата моќност ќе биде 300 КС. Следната година ќе ги видиме спортските перформанси на новата „Ibiza“, како и новиот спортски електричен погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП