11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОгромни парични казни за BMW, Daimler и VW, ако картелот меѓу нив...

Огромни парични казни за BMW, Daimler и VW, ако картелот меѓу нив се докаже

Германските производители „Volkswagen“, „BMW“, „Audi“, „Porsche“ и „Daimler“ ќе бидат казнети сериозно доколку судот докаже дека постои картел меѓу нив. Ова го најави комесарот за заштита на конкуренцијата во ЕУ, Маргарет Вестагер, пренесува Бизнис Инсајдер.

ЕУ и антимонополните органи во Германија во моментов истражуваат дали претставниците на водечките германски производители се сретнале за да гo договорат: изборот на добавувачи на компоненти, цените на моделите, како и воведувањето на стандарди кои се на штета на странските производители.

Вестагер сепак побрза да се осигура, повикувајќи да не се шпекулира за големината на евентуалните санкции, како и за тоа кога Комисијата за конкуренција на ЕУ ќе донесе одлука за нивно спроведување.

Според комесарката за заштита на конкуренцијата, деловните практики на европските производители на автомобили се исти како оние што ги користат американските технолошки компании. ЕК веќе ги казни Google и Facebook за слични акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП