15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалентино Роси доживеал фрактура на потколеницата

Валентино Роси доживеал фрактура на потколеницата

Возачот на Јамаха Валентино Роси за време за време на тренингот на својот ранч во Тавуљ доживеал фрактура на потколеницата, пренесува „Газета дело Спорт“.

Според истиот извор, Роси, во текот на ноќта ми требало да биде опериран. Извесно е дека деветкратниот светски шампион ќе мора да паузира извесен период што значи дека на минимум си ги сведе шансите во борбата за шампионската титула во Мото ГП шампионатот.

Последен пат кога популарниот „Доктор“ се здоби со ваква повреда, во 2009 година, од патеките отсуствуваше речиси 50 денови.

Како сега стојат работите Роси ќе ја пропушти трката на домашен терен, на патеката „Марко Симончели“ која на програмата е на 10.септември, а веројатно нема да ја вози и трката за Големата награда на Арагон две недели подоцна.

До крајот на сезоната во Мото ГП шампионатот останаа уште шест трки, а Роси во моментов се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман со 26 бодови помалку од лидерот Андреа Довициозо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП