20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗReady to Roc! – Светска премиера на новиот T-Roc

Ready to Roc! – Светска премиера на новиот T-Roc

Како дел од најголемата офанзива на брендот, Volskwagen ја зголемува својата брошура преку додавање на нов компактен кросовер; T-Roc. Новиот кросовер на Volkswagen носи свеж поттик на компактната SUV класа. Нудејќи персонализација, иновативна дигитализација, перфектна конективност, водечки системи за асистирање на возачот, динамични мотори и пред сé, модерен и експресивен дизајн. Возило кое се чувствува како дома во градот, како и по грубиот терен.

Др. Херберт Диес, Директор на бордот на бренд менаџментот, изјави на светската премиера во Италија: „Новиот T-Roc поставува нови стандарди во брзо растечкиот SUV сегмент. Со својата функционалност, динамично возење и технологија, T-Roc ги претставува сите атрибути на Volkswagen. Тој претставува еден чекор од нашата SUV офанзива.“

SUV пазарниот сегмент е во пораст, особено во компактната класа. Експертите прогнозираат дека овој сегмент речиси двојно ќе ја зголеми својата големина во наредната декада. Ова претставува причината поради која Volkswagen го произведе T-Roc, како уште еден атрактивен модел во компактниот SUV сегмент, класа под Tiguan.

Со својата опрема и погодностите од истата, овој модел претставува привлечен за корисници од секоја возраст. Спортскиот и модерен дизајн го пресликува емотивниот стил на Volkswagen, а со тоа поставува и нов курс во гамата на возила.

Остри, спортски детали однадвор, одлична функционалност внатре – тоа е новиот T-Roc. Опционалниот погон на предни тркала или погонот на сите тркала претставува симбиоза помеѓу сржта на SUV сегментот и агилноста на спортски компактен модел. T-Roc го потресува целиот сегмент на неколку различни начини во зависност од спецификациите и пред сé комбинацијата на бои. T-Roc е првиот Volkswagen SUV модел кој ќе биде достапен за порачка со дво-тонска варијанта на боја со визуелен контраст на кровната секција (вклучувајќи ги и страничните столбови како и надворешните ретровизори).

Бројни елементи на дизајнот го дефинираат новиот ентериер од пет ѕвезди. Од предната страна, тоа е широката маска на ладилникот која е интегрирана со двојни предни светла и репозиционираните препознатливи светла, кои го прават T-Roc незаменлив дури и ноќе. Линијата на во продолжението на силуетата се карактеризираат со хромирани елементи кои се наоѓаат од А – столбовите, преку целата линија до крајот на Ц – столбот, што потсетува на форма на купе. Од сите страни колата има изглед на off-road возило, со црна пластика која ја заштитува каросеријата околу лаковите на тркалата, страничните ѕидови, како и предницата и задниот дел на возилото.

Ентериерот е екстензија на надворешниот дизајн. Буди робусно SUV чувство и исклучително модерна површина на допир. Соединението помеѓу активниот инфо дисплеј и специфичниот систем за забава создава нов, дигитален и интерактивен кокпит. Со Smartphone и системот на Volkswagen – Car Net, возможно е да се користи широк спектар на online услуги и апликации, како и целосно да го интегрирате вашиот телефон во медиа центарот. Volkswagen нуди уште една погодност за корисниците на новиот T-Roc. Security & Service пакетот вклучува автоматско известување на службите за итна помош при незгода, како и помош на пат.

Новиот T-Roc овозможува багажен простор од 445 литри при пет окупирани седишта. Задните седишта можат да бидат склопени во размер 60/40, со што се зголемува багажниот простор на 1290 литри. Речиси ниту еден SUV од оваа класа не нуди просторен багажник како T-Roc.

Дури и основната верзија на T-Roc доаѓа со високотехнолошки системи како што се системот за предно асистирање (Front Assist) заедно со системот за идно сопирање во град и мониторинг на пешаци (City Emergency Braking and Pedestrian Monitoring), систем за автоматско кочење по незгода (Automatic Post-Collision Breaking System) и системот за следење на коловоз (Lane Assist). Исто така, како дел од основната опрема се и фините погодности како клима уред, инфо-забавен систем (Composition Colour infotainment system), LED задни светла, заштита на подвозјето и LED дневни светла лоцирани на браникот.

Две нивоа на опрема ќе бидат понудени од Volkswagen за новиот T-Roc. Паралелно може да се комбинираат „Sport“ и „Style“, како би се добила голема персонализација и индивидуалност на возилото. Додека T-Roc е карактеризиран со ексклузивни детали на ентериерот како што се декоративните панели кои се достапни во четири бои, фокусот на T-Roc Sport е на спортските детали како што се стандардни спортски седишта.

Во овој сегмент од пазарот, T-Roc е во водечка позиција кога станува збор за системи за асистирање на возачот. Стандардна опрема на сите T-Roc варијанти вклучува: систем за автоматско сопирање по несреќа (Automatic Post-Collision Breaking System), систем за следење на коловозна лента (Lane Assist) и систем за предно асистирање (Front Assist) со активно следење на пешаци и итно сопирање во град (Pedestrian Monitoring and City Emergency Braking). Овој SUV може дополнително да биде конфигуриран со десет дополнителни системи за асистирање на возачот. Овие вклучуваат адаптивен темпомат (ACC), задна камера, систем за одржување на коловозна лента (Lane Assist), систем за асистирање при паркирање (Park Assist), систем за асистирање при сообраќаен метеж (Traffic Jam Assist) и систем за асистирање при итен случај (Emergency Assist). T-Roc може да биде адаптиран на индивидуалните преференции на возачот преку дополнителни системи за асистирање кои се бројни за возило од оваа класа. Дополнително, адаптивната контрола на шасијата (DCC) и прогресивниот управувач, вклучуваат електрично оперирање на багажната врата како и стартување на системот (Keyless Access).

Како и поголемиот Tiguan, новиот T-Roc се нуди со ефикасни турбо-мотори. И тоа, три бензински (TSI) и три дизел мотори (TDI). Тие се нудат со иведби со погон на сите тркала и мануелен менувач, погон на предните тркала и мануелен менувач, 4Motion погон на сите тркала со кумплунг со двојна спојка со 7 брзини (DSG).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП