18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDe Beers се подготвува да ги придобие младите купувачи со повеќе реклами

De Beers се подготвува да ги придобие младите купувачи со повеќе реклами

„De Beers“ планира да инвестира повеќе пари во рекламирањето дијаманти за да ги врати богатите купувачи, пишува „Bloomberg“.

Компанијата, која е една од англо-американските единици, го зголеми својот буџет за маркетинг до 140 милиони долари во оваа година. Ова е најголемата сума од 2008-ма година, според изјавата дадена денес.

Компанијата истакнува дека нејзините три главни пазари – САД, Кина и Индија – ќе бидат во фокусот на буџетот.

Дијамантите се соочуваат со зголемена конкуренција како симбол на статус меѓу младите потрошувачи кои трошат повеќе пари на „high-end“ електроника, патувања и вечери.

Иако „De Beers“ тврди дека цената на дијамантскиот накит во изминатите пет години е рекордна, компанијата се бори со долгогодишниот пад на цените на полираните скапоцени камења.

„Ние не можеме да претпоставиме дека идниот раст е здраво за готово. Зголемувањето на трошењето од силна позиција ќе ни помогне да ја поддржиме тековната побарувачка и за зрелите и за пазарите во развој, особено за младите луѓе“, рече Стивен Луси, маркетинг директор во „De Beers“.

„De Beers“ се обидува да стави крај на намалувањето на трошоците за рекламирање на дијаманти по падот на монополот од почетокот на милениумот. Како децентрализирана индустрија, „De Beers“ не беше подготвена да плати за рекламирање со што им помогна на своите конкуренти, па го намали својот буџет за продажба за половина до околу 100 милиони долари годишно.

Компанијата сега ќе го фокусира повеќе вниманието на „Forevermark“ и „De Beers Diamond Jewelers“.

Од своја страна, индустријата се повеќе зависи од САД, земја која носи повеќе од половина од продажбата на дијаманти во светот. Пазарот на САД се зголеми за 4,4 проценти на рекордни 41 милијарди долари во минатата година, надминувајќи ги Кина и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП