13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW i3 зa 2018: Oсвежување без подобрување на автономијата (фото)

BMW i3 зa 2018: Oсвежување без подобрување на автономијата (фото)

Иако редизајнот на електричниот модел на „BMW“ не опфаќа зголемување на автономијата во возењето, тука е спортската „i3s“ верзија која пристигнува со помоќен мотор и подобро забрзување.

За поенцијалните купувачи на електрични автомобили најважно е дека новите или редизајнираните модели да имаат поголем радиус на движење со едно полнење на батеријата во однос на претходникот.

„BMW“ овој вид на подобрување го остави за следната генерација на моделот „i3“, a верзијата за 2018-та претрпе главно само козметички промени.

Така „LED“ фаровите сега се стандарден дел од опремата, а во понудите се и нови опции за подобра надворешност.

Покрај тоа, освежен е и дизајнот на екстериерот.

Кога станува збор за верзијата „i3s“, тој има спортски изглед благодарејќи на различниот преден дел, дополнителните детали на каросеријата, но и спортската суспензија и 40 mm поголемата ширина во однос на стандардниот „BMW i3“.

„BMW i3s“ е поставен на 20 инчни алуминиумски фелни, а тркалата се пошироки половина инч околу (1,25 cm) отколку претходно.

Што се однесува до возачките карактериски, „i3s“ може да се пофали со нов „Sport“ режим на возење и помоќен електричен мотор кој испорачува 186 ks (137 kW) и 270 Nm, што е 15-тина коњски сили и 20 Nm повеќе во однос на агрегатот од претходната верзија на моделот „i3“.

„BMW i3s“ oд 0 дo 100 km/h доаѓа со 6,9 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 160 km/h. Во верзијата со дополнителен бензинец, кој служи исклучиво за генерирање на електричната енергија, автомобилот е нешто побавен (0-100 km/h зa 7,7 секунди).

Автономијата е како што е наведено остана непроменета во однос на моделот за 2017-та.

Со полна батерија на автомобилот може да помине до 156 km, a со дополнителен бензинец со околу 290 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП