7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката Permanent TSB заработи казна од ЕЦБ

Банката Permanent TSB заработи казна од ЕЦБ

ЕЦБ парично ја казни ирската банка Permanent TSB поради неисполнување на барања поврзани за ликвидноста.

Ова e прва ваква казна откако во 2014 ЕЦБ ја презема улогата супервизор на банките во еврозoната, јавува Фајненшл Тајмс.

Како што е соопштено од ЕЦБ, Permanent TSB е казнета со вкупно 2,5 милиони евра поради неисполнување на бараниот коефициент во периодот меѓу октомври 2015 година и април 2016 година.

Во светло на финансискатa криза од 2008 година, во еврозoната се воведени построги правила за ликвидноста за да се спречи повторување на ситуацијата која ирскиот банкарски систем го испрати на работ на колапс.

Од ирската банка соопштија дека до „кршење на прописите дошло поради погрешното толкување на ревидираната регулатива“ и дека реалната состојба на ликвидноста не се влошила во ниту еден момент во текот на тој период.

Во соопштението на ЕЦБ се наведува дека Permanent TSB во меѓувреме во „целост го санирала проблемот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП