2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА ќе им го одземе Мундијалот на Бразилците?

ФИФА ќе им го одземе Мундијалот на Бразилците?

korintijans-arena-velika118092220130515114024

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке потврди дека во организацијта размислуваат за промена на домаќинот на следниот Мундијал.

Имено и покрај неколкуте предупредувања работите не се променија, градењето и реновирањето на стадионите се одвива многу бавно, многу политички и внатрешни спорови го попречуваат градењето на објектите. А исто така и официјалните лица не покажуваат интерес за да го забрзаат целиот процес.

Особена загриженост постои за „Коринтијанс Арена“ затоа што работата на овој стадион како да е на почеток.

„Почетокот на август е рокот да се средат работите, а потоа ФИФА ќе ја разгледува можноста на бразилците да им го одземе светското првенство“, тврдат извори од светската куќа на фудбалот.

Домаќинот на Мудијалот ги отфрла тврдењата дека нема да ги завршат градежните работи во предвидениот рок и дека претставниците на ФИФА се грижат без причина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП