7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАжурираниот Mercedes S Сlasѕ Cabrio пристигнува во Франкфурт (видео)

Ажурираниот Mercedes S Сlasѕ Cabrio пристигнува во Франкфурт (видео)

„Mercedes“ објави кратко видео од редизајнираниот кабриолет од престижната „S Сlasѕ“ пред премиерата на франкфуртскиот авто-саем.

Исто како и лимузинската верзија, и моделот со отворен покрив претрпи помали козметички промени на екстериерот.

Во кабината исто така се очекуваат одредени подобрувања, кои би требало да вклучуваат и два нови 12,3 инчни дисплеи со висока резолуција – еден наместо инструмент таблата, а другиот централен за потребите на мултимедијалниот систем.

Обновата најверојатно ќе го опфати и мултифункционалниот фолан со нови команди кои му овозможуваат на возачот да ги контролира повеќето содржини од мултимедијалниот систем, но и други функции во автомобилот без потреба да ги поместува рацете од управувачот додека вози.

Кога станува збор за системите за асистенција, и тука се очекуваат одредени подобрувања на технологијата, како што се „DISTRONIC Active Proximity Assist“, „Active Steer Assist“, „Active Lane Change Assist“, „Active Emergency Stop Assist“ и „Traffic Sign Assist“.

Идните сопственици исто така ќе може да сметаат и на новиот „Remote Parking Assist“ систем за помош при паркирање, кој му овозможува на возачот да го паркира возилото со помош на смартфон, дури и да не се наоѓа во автомобилот.

Промени има и во моторизацијата, а изборот на погонските единици е превземен од неодамна редизајнираната лимузина „S Сlasѕ“.

Треба да се смета на „bi-turbo“ 3.0-литарски V6 со 367 ks (270 kW) и 500 Nm, потоа на нов „bi-turbo“ 4.0-литарски V8 кој испорачува 469 ks (345 kW) и 699 Nm.

Во врвот на понудата ќе биде подобрениот „S63“ со „bi-turbo“ 4.0-литарски V8 агрегатѕ со моќност од 612 ks (450 kW) и дури 900 Nm максимален вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП