8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank ќе инвестира уште 3 милијарди долари во заедничка компанија за канцелариски...

SoftBank ќе инвестира уште 3 милијарди долари во заедничка компанија за канцелариски простор

Стартапот за заеднички канцеларија простор „WeWork“ добил дополнителна инвестиција во износ од 3 милијарди долари од јапонскиот конгломерат „SoftBank Group“ и нејзиниот фонд „Vision“, помагајќи и на компанијата да ја прошири својата глобална експанзија.

Инвестицијата на „SoftBank“ ќе биде преку нови акции и купување на постојните акции од компанијата-мајка на стартапот, објави „WeWork“ во соопштението.

Стартапот со седиште во Њујорк соопшти дека директорот и заменик-претседателот на „SoftBank“, Роналд Фишер и надворешниот директор Марк Шварц ќе се приклучат на одборот на компанијата.

„SoftBank“ веќе направи инвестиција од 1,4 милијарди долари во компанијата, за да финансира проширувањето на групата во Кина, Јапонија, Јужна Кореја и на друго место во Југоисточна Азија.

Фондот „Vision“ кој е свртил над 93 милијарди долари, за да инвестира во технолошки сектори, роботиката, е поддржуван од основачот на „SoftBank“, Масајоши Сон и главниот суверен фонд на Саудиска Арабија.

„WeWork“ изнајмува деловен простор и ги дава на поединци и мали фирми, главно стартап компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП