27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati Ghibli – редизајн и ново име (фото)

Maserati Ghibli – редизајн и ново име (фото)

„Maserati“ за 2018-та ја освежи својата луксузна лимузина која сега ќе има додаток кон името – „GranLusso“.

Моделот кој во значителна мера допринесе за раст на продажбата на автомобили на „Maserati“ во последните неколку години, има помали козметички промени.

Покрај новиот преден браник, тука е и редизајнираната маска на ладилникот, како и дополнителните хромирани украсни детали. Новата ознака „GranLusso“ е истакната и на предните браници на автомобилот.

„Maserati“ исто така го промени дизајнот на задниот браник, како и дифузорот кој сега е во боја на каросеријата.

Италијанскиот производител тврди дека благодарејќи на малите корекции ги подобри аеродинамичките карактеристики на возилото, а меѓу новитетите се и адаптивните „LED“ фарови со „матрикс“ долги светла, кои обезбедуваат подобра осветленост на патот.

Моторизацијата остана непроменета, па „Ghibli GranLusso“ за погон ќе користи „twin-turbo“ 3.0-литарски V6 бензинец во верзии со 350 ks (257 kW) и 410 ks (301 kW), и 3.0-литарски V6 дизел кој испорачува 275 ks (202 kW).

Моќта се пренесува со помош на осумстепен автоматски менувач, а достапен е и „Q4“ погон на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП