
Канцеларијата на креативна Европа – Медија и култура“ при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија („Канцеларија на креативна Европа – Култура“) и „Канцеларијата на креативна Европа – Медија“ на Република Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамките на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и фестивалот Струшки вечери на поезијата (како дел од европската поетска платформа „Версополис“). Двата фестивала се поддржани од програмата „Креативна Европа“.

