19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen се збогува со Scirocco

Volkswagen се збогува со Scirocco

Последните примероци од третата генерација на „Volkswagen Scirocco“ ќе бидат произведени во фабриката „Autoeuropa“ во Португалија до крајот на месецот, по што хечбекот ќе отиде во историјата, соопшти германскиот производител.

Автомобилот е изграден на петтата генерација на „VW Golf“, а се произведува од 2008-ма година главно за европскиот пазар. Првично од „Scirocco“ се продаваа по околу 50.000 примероци годишно, но постепено работите тргнаа надолу. Така во 2016-та година резултатот беше 12.000 единици.

Наследник на „Scirocco“ нема да има. Главните причини се намалувањето на интересот кон хечбек-моделите со 3 врати, како и огромните трошоци на „Volkswagen“ за казни по „Дизелгејт“. Впрочем компанијата престана производството на „R“-верзија со 280 КС уште во март оваа година.

Освен „Scirocco“ во португалската фабрика се составуваат само минивановите-близнаци „Volkswagen Sharan“ и „Seat Alhambra“. Местото на хечбек во палетата ќе го заземе новиот кросовер „WV T-Roc“, кој е изграден врз основа на „VW Polo“. Во компанијата се убедени дека интересот за компактниот „SUV“ ќе биде во пати поголем отколку кон „Scirocco“.

Наскоро хечбекот ќе биде проследен со уште еден модел – легендата „Beetle“, чие производство ќе биде суспендирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП