2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд ја одби понудата за Дембеле, играчот е суспендиран

Дортмунд ја одби понудата за Дембеле, играчот е суспендиран

Борусија Дортмунд соопшти дека напаѓачот Осман Дембеле е суспендиран бидејќи не се појавил на тренингот.

Дваесетгодишниот напаѓач без објаснување не дошол на тренинг, а според „Билд“, Барселона го советувала да постапи на таков начин. Барселона е заинтересирана за овој талентиран играч и за неговите услуги понуди 130 милиони евра, кој Дортмунд ги одби.

„ФК Борусија Дортмунд преговараше со Барселона околу можниот трансфер на Осман Дембеле. За време на состанокот преставниците на Барселона излегоа со понуда која не соодествуваше со вонсерискиот талент на фудбалерот, ниту пак со моменталната економска ситуација на европскиот фудбалски пазар. Ворусија поради тоа ја одби понудата“, стои во соопштението на Борусија.

По заминувањето на Нејмар, Барселона се обиде да донесе квалитетна замена, но понудите испратени до Ливерпул за Кутињо и до Дортмунд за Дембеле се одбиени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП