20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДенес се отвора првата продавницата на Икеа во Белград

Денес се отвора првата продавницата на Икеа во Белград

Најпознатиот шведски производител на мебел и опрема за домаќинство „Икеа“ денес ќе ја отвори својата прва продавница во Србија, што е 400. објект на оваа компанија во светот.

Во новата продавница компанијата вложила 70 милиони евра, ќе вработи 416 луѓе, а на потрошувачите ќе им биде понудена палета од 9.500 производи.

Продавницата во Бубањ Поток, на јужниот влез во Белград, се простира на 35.000 квадратни метри.

Изградбата на продавницата почна во април, а од компанијата најавија отворање и втора продавница во Белград, како и продавница во Ниш.

Инаку, „Икеа“ имаше своја продавница во Белград пред 26 години.

Србија е 49. земја во која „Икеа“ има своја продавница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП