3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWarner Music забележа рекордни резултати за третиот квартал

Warner Music забележа рекордни резултати за третиот квартал

„Warner Music Group“ забележа 917 милиони долари приходи за кварталот, завршен на 30-ти јуни. Тоа е најголемата сума за третото фискално тримесечје откако „WMG“ беше купена од страна на група инвеститори, предводена од Едгар Бронфман – Џуниор, за 2,6 милијарди долари на крајот на 2003-та година, пишува „Music Business Worldwide“.

И не само тоа: резултатите се со 41% повисоки од оние за истиот квартал од 2012-та година – првиот целосен трет квартал откако „Access Industries“ ја стекна компанијата за 3,3, милијарди долари во 2011-та година.

Вкупните приходи на дигитална музика пораснале за 30% до 496 милиони долари, па претставуваат 54,1% од вкупните приходи од продажба.

„Нашата инерција продолжува веќе осми по ред квартал на раст на приходите, а во последните седум тој е двоцифрен“, коментира Стив Купер, извршен директор на „Warner Music Group“. „Нашите изведувачи и композитори создаваат одлична музика и нашиот тим се претставува добро во растечката индустрија“.

Причината за растот во третиот квартал е стримингот. Услуги како „Spotify“ имаат генерирано 360 милиони долари приходи за компанијата, што е за 58,5% повеќе во однос на истиот период од 2016-та година.

Приходите од симнувања на дигитална музика се намалија за 27 отсто до 88 милиони долари.

Најпродаваните записи на компанијата во кварталот се на Ед Ширан, Бруно Марс, Gorillaz, Clean Bandit и TWICE.

Вкупниот оперативен профит на „Warner Music Group“ се зголемил до 51 милиони долари, во споредба со 45 милиони долари пред една година, како резултат на повисоките приходи.

„Горд сум дека тимот ни покажува толку добри резултати, особено со оглед на тешките споредби со кварталот на минатата година“, додаде Ерик Левин, извршен потпретседател и главен финансиски директор на Warner Music. „Уверен сум дека 2017-та година ќе биде последователна силна година“.

Нето добивката за третиот квартал достигна 143 милиони долари, во споредба со 7 милиони долари загуба година порано, а приспособена нето добивка сега достигнува 149 милиони долари, наспроти 16 милиони долари загуба во истиот квартал на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП